Состојки:
5 јајца
2 лажици кафеав шеќер
150 г растопен путер
1 шолја (200 мл) јогурт
2 лажици несолена урда
2 лажици мед
1 прашок за печиво
10 лажици брашно од хељда
3 лажици бело брашно
1 лажица мелен рогач
300 г вишни од замрзнувач
100 г суви сливи
150 г сечкани ореви
Приготвување:
Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот, а потоа додавајте ги полека другите состојки, јогуртот, растопениот путер, медот, па сувите состојки и на крајот со лажица помешајте ги и вишните и сувите сливи.
Истурете ја смесата во тепсија за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење, а одозгора расфрлете ги сечканите ореви и печете на 180 степени околу 45 минути.
Ако сакате да биде послатко, поросете на оладениот колач шеќер во прав или само искомбинирајте го колачот со сладолед.