Нов тренд: Остатоците од храна се нудат на попуст

Милиони тони фрлена храна завршува на отпад, а во повеќето случаи станува збор за здравствено исправна храна.

0
183

Во центарот на Копенхаген, почнува да се собира група луѓе околу влезот во ресторан. Веќе е 22:30 и кујната наскоро се затвора, но нив не ги интересираат вообичаените нарачки. Тие се тука за да купат од храната која гостите воресторанот не ја сакаат. Ресторанот се вика Dalle Valle е и еден од стотина ресторани поврзани преку апликацијата Too Good To Go кадешто можете да побарате храна која ресторабите инаку би ја фрлиле, а цените се значително поповолни.

Тоа е само еден во низата примери за општествена иницијатива активирани последните неколку години за да се намали количината на отфрлена храна. Данска е светски предводник на тоа поле.

Како и многу други држави и Данска има проблеми со отпадот од храна, пишува БиБиСи. Пред неколку години проценките кажувале дека секое домаќинство фрла во канта околу 105 килограми храна секоја година.

Вредноста се проценува на околу 500 евра, што во Данска за поголемиот дел од семејствата претставува намирници за повеќе од еден месец. Продавниците фрлаат храна со минорни деформации во изгледот, а често се гледа како од пекарите се фрла леб кој излегол премал или со погрешен облик.

Во дел од Европа 100 милиони тони храна завршуваат на отпад. Додека таа храна да се распадне произведува тони и тони јаглероден диоксид.

Но фрлањето на храна не е проблем само на богатите земји. Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации проценува дека речиси идентични количини храна завршуваат во отпад без оглед дали станува збор за индустријализирани земји или за земји во развој. Кога би се гледало вкупното производство на храна во светот, речиси третина од сета храна завршува во отпад.

Данска сега е предводник на напорите за намалување на отпадот на храна, а во последните пет години тие ја намалиле за 25 отсто количината на храна која инаку завршувала на отпад. Овој успех тие го припишуваат на промените во навиките на потрошувачите. На пример, само за една година во Копенхаген се отворени два нови синџити на супермаркети – WeFood кои продаваат само храна со истечен рок на траење.

Поголемиот дел од данските напори тргнале од една личност. Станува збор за Селина Јул, руска графиќка дозајнерка која се бори за намалување на фрлањето на храната.

„Во деведесетите дојдов од Москва кадешто недостатокот на храна повремено беше нормална појава“, но додека работела за време на студиите видела колку храна Данците фрлаат во отпад. Во 2008. година отворила страница на Фејсбук за да ги освести Данците и да ги натера да фрлаат помалку храна. Наскоро ја побарале и големите трговски синџири за да им помогне во намалувањето на отпадот. REMA 1000, голем синџир на супермаркети, ја намалил големината на популарните намирници како лебот (истовремено паднала и цената) затоа што истражувањата покажале дека порциите се едноставно премногу големи.

И другите земји го следат данскиот пример. Франција и Италија вовеле законски промени со кои сакаат на компаниите да им го олеснат давањето на храна на добротворните организации.

Сепак, дури и тој модел на решавање на проблемот со отпадот сега има свои проблеми. Им недостасува отфрлена храна. Јул вели дека WeFood има проблеми со полнење на полиците затоа што компаниите кои ја испраќаат храната сфаќаат дека имаат сѐ помалку вишоци.

Фото: Unsplash