Како да ги сварите јајцата без да ви испукаат?

Освен температурата на водата и на јајцата, сигурно сте го слушнале советот да ставите лажица оцет која ќе го спречи пукањето на лушпата. Некои велат дека истата моќ ја има и солта. Нема да штети ако ставите и едно и друго.

0
413

Боењето и украсувањето на јајца за најголемиот христијански празник е подеднакво забавно и за постарите и за помладите, но варењето може да биде проблем, особено за помладите домаќинки на кои им се случува голем дел од јајцата да испукаат, а тоа значи дека нема да можат ниту да ги украсат како што сакаат.

Еве неколку корисни совети како да го спречите ова.

Пред сѐ, битно е водата да не врие премногу силно и јајцата да имаат доволно простор да се движат во тенџерето. Така нема да се судираат и да се оштетат меѓусебе. Некои дури полека ја мешаат водата додека не проврие, а потоа ги оставаат јајцата да се варат неколку минути, па ја исклучуваат ринглата и ги оставаат во водата уште пола час.

Освен температурата на водата и на јајцата, сигурно сте го слушнале советот да ставите лажица оцет која ќе го спречи пукањето на лушпата. Некои велат дека истата моќ ја има и солта. Нема да штети ако ставите и од едното и од другото.

Иако попопуларни за боење се белите јајца, на кои боите поубаво изгледаат, треба да знаете дека нивната лушпа е многу потенка па можат побрзо да пукнат при варењето.

Ако и покрај сѐ, лушпите на неколку јајца ви испукаат, не очајувајте, искористете ги за салата.

И се разбира, иако од година во година домаќинките измислуваат постојано нови техники и трикови за боење јајца и тие се сѐ поинтересни и поинтересни, ако имате деца, обојте ги јајцата со природните бои од лушпи од кромид, виолетова зелка, куркума, цвекло,… Ако не ги изедете за време на празниците, не ги чувајте премногу долго.

Фото: Pixabey