Бидејќи периодов го има насекаде, вистинска штета е да не ги искористиме придобивките за нашето здравје.
Богат е со витамини и минерали, има антибактериски својства и штити од воспаленија, а одличен е и за подобрување на варењето.
И зелениот дел од младиот кромид не би требало да го фрлате бидејќи во него се наоѓаат состојки одлични за нашето здравје.
Освен што придонесува за подобар вкус и текстура на оброците, младиот кромид е вистинска ризница на важни нутриенти.
Содржи значајни количини витамин А и Ц, а особено се издвојува по големата содржина на витамин К.
Тука се и витамините Е и оние од групата Б – тиамин (B1), рибофлавин (B2), ниацин (B3), пиридоксин (B6) и фолна киселина (B9). Од минерали содржи калиум, калциум, натриум, железо, фосфор, сулфур, магнезиум, хром, како и некои вредни, а ретко присутни во секојдневните намирници, како селенот, манганот, флуорот и кобалтот.
Кверцетинот е уште една скапоцена состојка на младиот кромид. Овој растителен пигмент од групата флавоноиди има силно антиоксидативно, антихистаминско и протввоспалително дејство. Како и секој друг зелен лиснат зеленчук, и младиот кромид содржи значителен процент влакна – во 100 г содржани се 2,6 г влакна.
Како и повеќето намирници, младиот кромид има далеку посилни нутритивни вредности и посилно дејство, во сирова форма. Затоа можете слободно да уживате во омилените делови од овој здрав зеленчук, а тоа се веројатно белите главички. Но не ги занемарувајте ниту зелените перца чиишто нутритивни вредности се дури и поголеми од оние содржани во белите главички.
Тие имаат протввопслаителни својства и антигабични својства, го снижуваат притисокот, а помагаат и при воспаление на грлото. Го намалуваат стресот и чувството на замор.
На пример, во килограм главички од млад кромид има околу 8,5 грама витамин Ц, а во зелените листови околу 38 грама. Во главичките има 0,3 мг каротен (провитамин А), a во зелените листови 1,2 мг.
Во главичка млад кромид има 175 мг калиум, а во листовите 231 мг.
Секоја од бројните материи содржани во овој зеленчук на одреден начин придонесува за здравјето на човекот.
Корисен е за превенција и лекување на безброј здравствени тегоби – од оние невините, како грлоболка или настинка, до потешките, како срцевите заболувања или канцерогените.
Го намалува ризикот од рак и тумори, а особена заштита дава при рак на дебелото црево.
Го намалува и ризикот од дијаббетес, а помага и во знижување на нивото на шеќер во крвта. Ги јакне коските, а добар е и за убавината на кожата. ПОради сето ова, но и многу повеќе, навалете и уште денеска за ручек здробете си барем едно цело кромитче во вашата салата.
Фото: Pixabey