Колку побрзо јадете, повеќе се дебелеете

Заради брзото темпо на живот често сме принудени да јадеме брзо. Меѓутоа, оваа лоша навика може да доведе до прејадување, зголемување на телесната тежина па и до дебелина.

0
183

Постојат неколку докажани причини зошто навиката да јадеме брзо е една од главните причини за покачена телесна тежина.

Пред сѐ, потребни се околу 20 минути за до мозокот да допре информацијата дека сме сити. Кога јадеме премногу брзо, внесуваме повеќе храна отколку што навистина ни треба. Со време, вишокот на калории доведува до зголемување на телесната тежина.

Покрај покачената телесна температура и дебелината, навиката да јадеме премногу брзо ќе доведе до низа останати здравствени проблеми:

Дијабетес тип два: Со истражувања е докажано дека доколку пребрзо јадете имате и до два пати оголема веројатност за развој на дијабетес тип 2 во однос на оние кои своите оброци ги јадат побавно.

Лошо варење: Уште една од можните последици на оваа навика е и лошото варење. Лицата кои побавно џвакаат и добро го изџвакуваат секој залак имаат подобро варење.

Метаболички синдром: Брзите и кратки оброци имаат за последица настанување на метаболички синдром – група ризични фактори за дијабетес, болести на срцето и останати здравствени проблеми.

Џвакајте побавно и уживајте во храната

На нашето тело му е потребна добро и темелно изџвакана храна, зашто тоа е единствен начин да ги искористиме сите нејзини состојки. Со џвакањето го подобруваме вкусот на храната што ја јадеме. Затоа, опуштете се и уживајте во бавниот и долг оброк, а вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Фото: Pexels