Таанот е еден од најздравите намази, има интересен вкус и е богат со нутриенти.
Богат е со омега-3 и омега-6 масни киселини и го штити нашето срце од кардиоваскуларни болести и висок холестерол, богат е и со влакна, калциум, железо, Б витамин. Бидејќи содржи многу протеини, фитнес тренерите го препорачуваат после тренинг.
Тој е и здрава замена за кикирики и мајонез.
Ако сакате путер од кикирики, а го избегнувате заради големиот број на калории и чувството на тежина, или пак ако сте алергични на јаткасти плодови, таанот е извонредна замена. Истото важи и за мајонезот – таанот е и тука супер замена. Само не претерувајте, затоа што и таанот е прилично калоричен.
Но кога еднаш ќе ја доживеете неговата кремава текстура, секојдневно ќе сакате да го имате на своето мени.
Можете да го користите во разни јадења – како прелив за салати од зеленчук, за тестенини, за ориз и други житарки, како намаз на леб, како состојка во смути, во каши со овошје и житарки, во колачи …
Едноставно е да го направите – а најдобро е тоа што домашниот таан нема адитиви и конзерванси.
Состојки:
200 г сусам
Маслиново масло
Сол
По желба додадете и малку сок од лимон
Приготвување:
Ставете го сусамот во претходно загреана тава, на тивок оган додека не добие златна боја. Мешајте го за да не загори.
Потоа тргнете ја тавата од оган и префрлете го сусамот во блендер, додадете маслиново масло (две до три лажици) и измешајте додека не добиете крем во кој ќе додадете сол по ваша желба. Ставете ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Фотографијата е од ТУКА.