Основната цел на постот е чистење на душата и телото, како и славење на Бога. Вистинскиот пост има две страни, телесна и духовна,и подразбира воздржување од мрсна храна, но и од лоши мисли, желби и дела.
Во време на пост, оние кои се придржуваат не јадат храна која содржи масти од животинско потекло, а во одредени денови не се јаде ниту храна која е приготвена со употреба на растителни масти.
Но суштината на постот е во ова:
„Велиш дека постиШ Увери ме во тоа со своите дела. А коисе тие дела? Ако видиш сиромав, дај му мислостина. Ако се најдеш со својот непријател, смири се со него. Ако видиш на улица некое убаво лице, сврти го својот поглед од него. Значи, не само што постиш со стомакот, туку и со очитеи слухот, исо рацете и нозете и со сите делови од телото.
Рацете нека постат воздржувајжи се од секаква грабежливост и кражба. Нозете нека постт такашто нема да одат по патиштата на гревот. Очите нека постат такашто нема страсно да ги гледаат убавите лица ниту со завидливост ќе гледаат на добрата на другите луѓе. Велиш дека не јадеш месо. Но чувај се да не го голташ лакомо со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот, не слушајќи ги озборувањата и сплетките. Со устата и јазикот свои пости и воздржувај се оф грди зборови и шеги. Каква ни е кориса ак не јадеме месо и риба, а ги јадемесвоите ближни“, не учи Свети Јован Златоуст.
Дали вие се придржувате до сето ова или само „постите“?
Дали постите?
1. Да
2. Не, но се трудам секој ден да бидам добар човек
3. Не
Фото: Pixabey