Зошто се Јапонците витки?

Навистина, сте виделе ли некогаш дебел Јапонец? Што мислите зошто тие најчесто немаат проблем со килограмите?

0
521

Од секогаш нашите баби, мајки, тетки, вујни и стрини ни ставале во чиниите повеќе храна отколку што сме можеле да изедеме и не терале да ја „излижеме“ чинијата толку за да не мора да се мие. Не буквално да не се мие, туку само сликовито, демек, да се изеде и последната трошка.

Многу пушиме, пиеме алкохол, но и литри кафе, а малку се движиме. Храната пак, ни е главно калорична и тешка. Често, само за да бидат мирни, наместо да ги тераме децата да спортуваат, им даваме мобилен или таблет за да бидат мирни и тивки, а кога одат на училиште наместо да им спакуваме здрав оброк, им даваме пари со кои тие најчесто купуваат бурек и јогурт или хамбургер и кока-кола.

Во Јапонија, децата јадат исто што и возрасните, а вообичаеното мислење дека овие деца имаат по два телефони и таблети, едноставно не е вистина.

Во училиште добиваат или пак си носат од дома готвени оброци кои вечер претходно им ги приготвиле нивните мајки или баби, а оброците им се мали и чести, пијат зелен чај и задолжително се занимаваат со спорт.

Иста е приказната и со возрасните. Тие попрво ќе одберат да јадат нешто готвено наместо сендвич и не се толку оптоварени со лековитите својства на зелениот чај и не го пијат за да бидат послаби и поздрави, туку затоа што е тој едноставно дел од нивната култура и обичаите.

Во Јапонија, оние кои се во пензија се уште имаат можност да бидат корисни членови на општетството па често и доброволно се пријавуваат за извршување на помали, физички помалку оптоварувачки работи (кои сепак се платени), а кои освен што им го подобруваат буџетот, им овозможуваат и повеќе да се движат.  И ниту повозрассните не се откажуваат од спортот. Често и по филмовите гледаме како повозрасни лица, сами или во помали групи, вежбаат , најчесто таи чи.

Јапонците се во просек слаби. Секако, има и такви со вишок килограми, но отстапувањата се помали и помалку воочливи. За лицата со вишок килограми се смета дека се мрзливи и недисциплинирани.

А токму дисциплината и умереноста се доблестите кои најмногу се ценат па затоа на дебелината се гледа како на неуспех или слабост на поединците.

Од жените, како и секаде во светот се очекува секогаш да бидат витки, а ако не успеат во ова, тешко ќе можат да си најдат облека во која ќе ги собере. Во продавниците најчесто има облека со величина S или M, а ако се осмелите да прашате за L, ќе ви кажат дека тој број не постои. Јапонките немаат ниту целулит, барем повеќето од нив.

Исхраната на Јапонците се состои од многу овошје и зеленчук, а протеините кои ги внесуваат се главно поздрави и како такви, полесно се варат. Храната ја консумираат повеќе пати во денот, во помали оброци.

Постои една стара народна по која се раководат и денеска во планирањето на своите оброци, а тоа е: „ichijū-sansai“, што во превод значи „една супа, три јадења“. Во пракса тоа е најчесто мисо супа, едно главно јадење богато со протеини, и два или повеќе прилози врз база на зеленчук. Значи, оброците се разновидни, нутриционистички избалансирани и количински многу мали.

На овој начин телото добива сѐ што му е потребно – минерали, калциум, витамини (главно А и Ц), масти (главно, здрави растителни масти) и друго.

Она што еден Јапонец ќе изеде за ручек може да го собере во една дланка, а за нас е тоа само предјадење.

Не е точно дека тие јадат само риба и суши. Точно е дека, со оглед на тоа што живеат опколени со океан, јадат обилни количини риба и морски плодови, потоа пердувести животни, а црвено месо јадат ретко и во помали количини. Исто така, ретко се користат масти, масло и млечни производи.

Во нивната кујна е најважно да се јадат сезонски производи, но и начинот на приготвување и зачините. Се смета дека треба да се јаде она што го нуи природата во одреден период од годината. Начините на приготвување варираат д сирово, печено на жар, маринирањем готвење на пареа, до пржење.

Традиционалната јапонска храна е обично зачинета со соја сос, оризов оцет, шеќер и сол. Сето ова се користи пред готвењето, а не е обичај на храната да ѝ се додаваат зачини за време на готвењето.

Иако се мисли дека главна храна во Јапонија е сушито па тоа го користиме како синоним за јапонската кујна, тоа не е точно.

Суши е пред сѐ, јапонско јадење кое се состои од ориз варен во оцет со додаток на сирова риба, зеленчук, алги, јајца или некое тропско овошје.

Sashimi се парчиња перфектно исчистени и прецизно филетирани риби кои таму се јадат и се ценат повеќе отколку супи. Име неколку облици и подвидови.

Иако ни делува како многу здраво, претерувањето со суши не е добро. Повеќе поради оризот отколку поради рибата.

Она што во Европа се нуди како суши е модифицирана јапонска кујна со цел да се прилагоди кон вкусовите на кои сме навикнати ние тука, а тоа, велат познавачите, нема врска со она што се јаде во Јапонија.

Традиционални слатки нема многу, а не се премногу разновидни. Колачињата од јапнски приз  се богати со глутен и полнети со ладок крем од азуки грав, сладоледи од мача прав или прав од зелен чај, пидонзи од овошје, соја или бадеми. Тука, иако не се специфични за нивната кујна, популарни се слатките, тортите и богатите кремави колачи. Исто така, во состојба се да чекаат во ред долг и неколку метри, за парче добар колач. Како се тогаш толку витки?

Тајната е во количината, а потоа и во фактот дека колачот не го јадат на крајот од оброкот, туку како меѓуоброк.

Сепак, најважно што влијае на нивната килажа е фактот дека се многу активни, па некои од нив вежбаат дури и за време на паузите за ручек.

Како и за секоја кујна и за јапонската не може да се каже дека е 100 отсто здрава. Во јадењата често има многу сол, многу шеќери, јагленохидрати, а некои од најпознатите јадења се пржени. Сепак, останува тоа дека тајната е во нивните две доблести – дисциплина и умереност и токму тие се тајната на долговечните, младолики и витки Јапонци.

Фото: Pixabey