Ви се случило ли да пиете сок или пиво од лименка?

Ако сакате да пиете сок, пиво, чај или што и да е друго од лименка или пак јадете конзервирана храна, доколку претходно не ги измиете лименките или барем не ги избришете, постои опасност да се отруете

0
411

Конзервираната храна е најчест извор на ботулизам, опасно труење по живот предизвикано од бактеријата Clostridium botulinum.

Прво, повеќето соли кои ги внесуваме во организмот доаѓаат од лебот и од преработената храна – особено полуготовата или конзервираната. За да го намалите внесот на сол, конзервираната храна пред готвење, измијте ја под млаз вода, па дури потоа подгответе ја. Освен внатрешноста на конзервата важно е да го измиете и надворешниот дел. Никако не заборавајте да го измиете и отварачот за конзерви по користењето.

Замислете го само патот кој го поминале од фабриката и камионот до магацинот. Биле во различни раце кои ги ставале на полици, а замислете и колку купувачи ги фатиле во рака за да го прочитаат составот. Можеби притоа некоја и паднала на под.

При отварањето на капакот, бактериите лесно влегуваат во храната, а за да го спречите тоа, измијте ја конзервата и избришете ги со кујна крпа пред употреба. Тоа важи и за лименките со пиво или сок, а ако не сте во можност да ги измиете под вода, употребете антибактериски марамчиња.

Оштетените конзерви подобро не ги користете затоа што постои голема опасност од преминување на хемикалиите кои се наоѓаат во состав на заштитниот слој на конзервата, т.н. бисфенол А (BPA), во храната. Нивното штетно делување влијае на хормонската нерамнотежа.

Во домаќинството конзервираната храна е најчест извор на ботулизам, опасно труење по живот, предизвикано од бактеријата Clostridium botulinum. Еден од знаците за присутност на бактеријата можат да бидат подуени конзерви кои испуштаат звук при отварањето. Дури и самото вдишување на гасот или мала количина храна на рацете може да биде многу опасно, затоа таквите конзерви е подобро да не се користат.

По отварањето на конзервата, префрлете ја храната во стаклен или пластичен сад и чувајте ја во фрижидер.

Фото: Pixabey