Знаете ли што е флексибилно вегетаријанство?

Таканаречената флекситаријанска исхрана се базира на билни протеини, овошје и зеленчук и целовити житарки, со минимален внес на животински протеини, а освен здравствени предности, изгледа дека би можела да биде корисна и за околината

0
325

Знаеме дека исхраната е клучна за нашето здравје, но овојпат истражувачите најдоа начин на исхрана кој е еднакво добар и за нашата планета. Нашиот избор на храна е од голема важност, но постоечкиот начин на исхрана ја загрзоува иднината на нашата планета и здравјето.

EAT-Lancet Commission on Food, Planet, Health (ЕАТ-Лансет комисија за храната, планетата и здравјето, група основана за истражување на иднината на храната и одржливоста, објавила извештај кој се обидува да ги смени тие навики пред да биде предоцна. Извештајот собрал 37 стручњаци од 16 различни земји, специјализирани во области какви што се земјоделието, политичките науки, исхраната и околината за да искреираат смерници за најздравата исхрана на светот.

Глобалната потрошувачка на овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки ќе мора да се зголеми двојно, а потрошувачката на храна како што е црвеното месо и шеќерот ќе мораат да се намалат за повеќе од 50 отсто, стои во извештајот. Со други зборови, „планетарно здравата исхрана“ се состои од 50 отсто овошје и зеленчук и 50 отсто мешавина од билни протеини, билни масла и целовити житарки. Во извештајот се наведува дека консумирањето на животински протеини би требала да биде што помала.

Ваквите препораки се согласуваат со флекситаријанскиот начин на исхрана, што е нова кованица која спојува два збора, флексибилно и вегетаријанство. Под тој поим се подразбираат личности кои се храбат по вегетаријанските принципи, но повремено посегнуваат по месо, било поради социјални, културни или нутритивни причини.

Флекситаријанската исхрана се базира на билни протеини (со колку што е можно помал внес на животински), овошје и зеленчук и целовити житарки, намирници кои ги препорачуваат и истражувачите на EAT-Lancet комисијата.

Освен повеќето животински белковини, друга незадолжителна храна се јајцата и пердувестите животни. Не се препорачува црвено месо, скробен зеленчук, млечни производи и шеќер. Извештајот укажува дека со придржувањето до оваа флексибилна исхрана би можела да спречи околу 11 милиони предвремени случаи на смрт годишно. Истражувачите дошле до овој заклучок анализирајќи ги глобалните податоци за болестите поврзани со исхраната, како што се дебелината и дијабетесот.

Како и вегетаријанската исхрана, и флекситаријанството се поврзува со пониска стапка на болести на срцето, дијабетес и карцином, со подолг животен век за околу 3,5 години. Со оглед на тоа што се базира на раститени намирници, обезбедува изобилие од витамини, минерали и влакна, со намален внес на заситени масти, што е добро за здравјето на срцето и крвните жили и го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2, сето тоа без нутритивните дефицити до кои може да доведе вегетаријанската исхрана.

Влијание на средината

Овој вид на исхрана доаѓа со големи здравствени имликации, тоа е јасно. Тоа дека консумирањето на повеќе овошје и зеленчук  може да го подобри нашето општо здравје, изгледа како очигледен заклучок. Но исто така, извештајот го нагласува чувството на итност – ако светот треба да може да нахрани 10 милијарди луѓе до 2050.година, придржувањето на овој налин на исхрана не е само предлог, туку станува императив.

Како тоа ѝ помага на нашата планета? Исхраната се фокусира на подобрување на фактори какви што се управувањето со питката вода, климатските промени и губењето на биолошката разновидност, а секој од нив е неопходна компонента ако сакаме да се обезбедиме дека нашата планета може да ги издржува генерациите кои доаѓаат.

Освен што предлага флекситеријански начин на исхрана, извештајот воедно повикува на трансформација на начините на кои ја обработуваме храната, што бара заедничко дејствување на владите, преусмерување на фокусот од количината на квалитетот на храната и намалување на фрлањето на храна.

Фото: Pixabey