Состојки:
1 пакување путер од кикирики
1 јајце
250 г брашно (по ваш избор – ни снема спелтино, па ги направивме со обично бело брашно)
50 г кафеав шеќер
100 г мед (може и само шеќер или само мед)
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
Ако ви е премногу густа смесата, капнете малку кисела вода или млеко
Приготвување:
Измешајте ги состојките со миксер а потоа би требало смесата да биде погодна за да можете со рака да обликувате топчиња.
Ставајте ги во тепсија за печење обложена со хартија и со вилушка притиснете го секое топче во две насоки за да се добијат шари, но и за да ги сплеснете колачите и да добијат форма на кекси.
Се печат околу 10 минути, на 170 степени, а од оваа смеса ќе добиете 25 кекси.