Мандарините можат да го намалат ризикот од рак на црниот дроб

Научниците од Универзитетот Кјото откриле дека лицата кои имаат хроничен вирусен хепатитис можат да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб, доколку секојдневно пијат сок од свежи мандарини.

0
237

Околу 30 испитаници со вирусен хепатитис, кои секој ден пиеле напиток со мандарина, после една година немале никакви промени на црниот дроб. Меѓу 45 испитаници кои не го пиеле овој напиток, рак на црниот дроб се појавил кај три лица.

Мандарините можат да ни обезбедат околу 80 отсто од потребната дневна количина витамин Ц. Антоксидансите од ова јужно овошје го јанат имунитетот, го намалуваат нивото на „лоиот“ холестерол и ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, срцеви болести и болести на црниот дроб. Богат извор се на диетални влакна, па ако ги јадете, ќе бидете подолго сити и секако, витки.

Фото: Pixabey