Иако е колачот составен од три дела, долу е кората, во средината се сочните јаболки и на крајот крцкава кора, сѐ се прави во еден потег.
Состојки:
5-6 јаболки, излупени и исечени на тенки листови
1 лажица нормандиска јаболковача – вињак (по ваша желба) или 1 лажица рум
1 лажица сок од лимон
1 шолја брашно од спелта + 2 лажици (250 г +2 лажици)
100 г кафеав шеќер
2 лажички прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1 јајце
2 жолчки
200 мл стопен путер и кокосово масло или само едно од нив или обичен зејтин
1 шолја млеко
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 160 степени.
Тепсијата за печење би требало да е со димензии 24 цм (нашата беше поголема па колачот излезе малку потенок). Ставете хартија за печење или премачкајте го дното со путер.
Јаболката излупете ги и исечете ги на тенки листови и прелијте ги со 1 лажица сок од лимон.
Помешајте ги сувите состојки. Во друг сад измешајте едно јајце, маслото, млекото и екстракт од ванила, па додадете ги сувите состојки.
Од оваа смесат одвојте 1 шолја, па во неа додадете 2 лажици брашно (со оваа смеса ќе го прелиете колачот пред печење), а во таа што ви остана додадете 2 жолчки, измешајте убаво со рачна маталка и полека додадете ги јаболката. Истурете ја смесата во тепсијата и убаво израмнете ја. Одозгора прелијте со смесата што ја тргнавте настрана и печете околу 1 час.
Кога ќе биде печен колачот оставете го малку да се олади па поросете со шеќер во прав.
Фото: Стефани Христов