Дали некои намирници ќе бидат здрави или штетни зависи и од тоа кога ги јадете

Дали знаете дека јаболките е најдобро да се јадат само наутро, а дека навечер треба да ги избегнувате? Кај многу намирници е важно во кој период од денот се консумираат и иако важат за здрави, некогаш можат да бидат и лоши за нашиот организам.

0
793

Јаболки, млеко, банани, компири…не е сеедно дали ги јадете наутро или навечер – затоа што на вашето тело, во зависност од времето на консумирање, можат да му направат нешто добро, но и лошо. Ќе ви откриеме кои намирници во кој период од денот е најдобро да се јадат.

Банани

Бананите е најдобро да се јадат околу пладне, затоа што така го јакнат имунитетот и ја чистат кожата. Не се препорачува бананите да се јадат навечер, затоа што така го поттикнуваат засиленото создавање на слуз и можат да го попречат варењето.

Јаболки

Јаболките содржат пектин кој го снижува шеќерот во крвта како и холестеролот – ако ги јадете наутро за појадок. Значи, навечер е најдобро да ги избегнувате, затоа што пектинот навечер е тежок за варење.

Компири

Компирите треба да се јадат исклучиво преку ден, затоа што се преполни со минерали, а го снижуваат и холестеролот. Бидејќи компирот е многу калоричен, најдобро е навечер да се избегнува – за да не се здебелите.

Млеко

Топлото млеко навечер делува смирувачки и овозможува да имате подобар сон – значи, една шолја млеко е добро да се пие пред спиење. Но наутро би требало да го избегнувате – тешко се вари ако во текот на денот не спортувате.

Јаткасти плодови

Ако јадете јаткасти плодови околу пладне, тие го намалуваат крвниот притисок. Навечер не се препорачуваат –многу се калорични.

Портокали

Преку ден портокалите не само што се дозволени, туку се и посакувани.

Тогаш го поттикнуваат варењето и размената на материи. Лоша вест: не се препорачува да се пие сок од свежо цеден портокал за појадок затоа што многу го иритира желудникот.

Домати

Доматите се препорачуваат за појадок. Го подобруваат варењето и ја поттикнуваат размената на материи. Меѓутоа, навечер брзо предизвикуваат надуеност.

Ориз

Околу пладне без грижа на совест можете да си дозволите порција ориз. Размената на материи во текот на денот ќе биде побрза па ќе потрошите и некоја калорија. Но навечер немојте да јадете ориз затоа што брзо ќе ви се фати на колковите.

Црно чоколадо

За појадок, на пример со мусли, црното чоколадо е дозволено. Содржи антиоксиданси кои го забавуваат стареењето и штитат од срцеви болести. Ако не сакате да се здебелите, не го јадете како меѓуоброк, односно максимално намалете го неговото консумирање.

Смокви и кајсии

Со мисли смоквите и кајсиите се пожелни – наутро го јакнат имунитетот и го поттикнуваат варењето. Не ги јадете навечер затоа што предизвикуваат надуеност.

Сирење

Сирењето е најдобро да се јаде наутро затоа што во помали количини го поттикнува слабеењето и ја спречува надуеноста. Но фонду од сирење никако не се препорачува во вечерните часови.

Сирењето е тешко сварливо и може да ве здебели и да ви предизвика проблеми со желудникот.

Фото: Pixabey