Не бидете мрзливи!

Според истражувачите, исечканите и подготвени за употреба салати кои се продаваат спакувани во кеси се вистински извор на салмонела

0
449

Онаа кесичка исечкан спанаќ на дното од вашиот фрижидер, кој одамна не е свеж, би требало да заврши во кантата за ѓубре наместо во вашата чинија. Слузот кој се собира на дното од кесичката со еден или повеќе видови на сечкана салата, е совршено место за размножување на бактеријата салмонела, од која луѓето можат да се разболат, објавиле истражувачите.

Која е причината? Сокот кој излегува од исечените или оштетени листови салата. После пет дена во фрижидер, малите количини сок од билките го забрзуваат ширењето на салмонелата. Бактериите виреат во кесиќката и толку силно се лепат за листовите на салатите што не можат да се отстранат со миење. Затоа, најдобро е салата да се јаде додека е уште цврста и свежа, и секако, колку и да ви изгледа примамливо кесичката со спакувани салати, најдобро е да ги купувате свежи.

Фото: Pixabey