Ако ви е потребно нешто ново, поинакво, несекојдневно, а воедно и едноставно и освежително, токму како за овие топли денови, тогаш салатата со праски и домати е дефинитивно она што ви треба. Можете да додадете и неколку ливчиња свеж босилек или нане.
Состојки:
2 поголеми мазни праски
2 поголеми домати
1/2 главица црвен кромид
неколку шери домати
1 лажица јаболков оцет со мед
1 лажица сок од лимон
2 лажици маслиново масло
сол, црн пипер и свежи ливчиња босилек или нане
Приготвување:
Исечете ги праските на тенки кришки, доматите на тркалца, а шери доматите на половинки. Ставете ги во сад за салата и додадете го кромидот исечен на резанки.
Помешајте ги оцетот, сокот од лимон, маслото и зачините и прелијте ја салатата.