6 популарни производи кои нутриционистите никогаш не би ги јаделе

0
683

Ако внимавате на килограмите и на здравјето, еве зошто не би требало да ги консумирате овие шест производи кои нутриционистите никогаш не би ги погледнале, а ни под разно не би ги јаделе.

Овошен јогурт со знакчето „light“

Повеќето производи од оваа категорија содржат голема количина вештачки засладувачи, бои и ароми, најчесто имаат две третини помалку протеини од обичните јогурти. Значи, тие неколку калории кои ќе ги заштедите не ви прават никаква услуга, туку му нанесуваат повеќе штети на вашето здравје.

Јадете обичен јогурт со свежо овошје, заблажено по потреба со малку мед.

Кашкавал за сендвичи во листови

За прерабoтката на овој производ се користат еден куп материи и адитиви, а нивниот вкус потсетува на гума. Природните кашкавали се многу подобра опција, затоа што технолошки многу помалку се прераб отуваат па со тоа содржат и многу помалку адитиви. Исто така, вкусот им е многу подобар.

Преливи за салати

Овие производи се вистинска ризница на адитиви. Ако веќе сакате здрава салата од свеж зеленчук, одвојте уште неколку минути и самите направете прелив – помешајте малку маслиново масло, оцет, додадете зачини по желба и уживајте во здрав оброк.

Газирани и засладени напитоци

Газирани напитоци, овошни зашеќерени сокови и леден чаеви имаат многу висока калориска вредност и се еден од најголемите непријатели на вашето здравје, на забите и килажата. Освен тоа, тие само создаваат потреба за дополнително консумирање и затоа е најдобро да ги замените со вода, -природфен цеден сок или чај.

Млечни додатоци за кафе

Иако уживате во нив, знајте дека се преполни со најлоши видови на маснотии – трансмасти. Ако не ви годи чисто црно кафе, ставете си во него малку млеко, а на останатите додатоци засекогаш заборавете.

Сувомеснати производи

Во овие производи се наоѓаат огромни количини соли, нитрати и конзерванси, а многу од нив се докажано канцерогени, па избегнувајте ги во широк лак.