Здравјето на мозокот зависи од многу фактори, а во нив спаѓаат и здравјето на органите за варење (цревната микрофлора), добро снабдување на клетките на мозокот со енергија, одржување на нивото на воспаленијата на минимум, како и користење на супстанции кои имаат заштитно дејство на мозокот. Делувањето на овие фактори може да се подобри со примена на следните природни средства.
Кафе и чај. Кофеинот не мора да биде нездрава навика, особено ако ја имате предвид превенцијата на Паркинсовата болест. И црниот и зелениот и белиот чај содржат заштитни компоненти познати како катехини. Како што покажало истражувањето објавено во списанието American Journal of Epidemiology, консумацијата на две шолји чај дневно може да го намали ризикот од Паркинсонова болест. Но и обичното кафе го има истиот заштитен ефект – тоа го покажало истражувањето објавено во престижното списание JAMA.
Коензим Q10. Утврдено е дека коензимот Q10 го забавува напредувањето на мозочните заболувања како што е Паркинсоновата болест. Во едно истражување, објавено во списанието Archives of Neurology, истражувачите утврдиле дека земањето суплементи Q10 го намалува опаѓањето на функциите на мозокот поврзано со Паркинсоновата болест за 44%, под услов да се примени доволно рано. Иако ова проучување било со мал обим, основното знаење за способноста на коензимот Q10 да ја подигне енергијата на мозочните клетки укажува дека и пообемни проучувања би дале сличен резултат. Во ова истражување, земани се дози се дози на суплементи 10 од 300 мг, 600 мг и 1200 мг, a резултатите биле најдобри кај оние кои земале најголеми дози.
Гастродин. Супстанцијата по име гастродин, која се добива од кинеската орхидеја (Gastrodia elata), во повеќе проучувања покажале ефикасност против Паркинсонова болест. Кинеската орхидеја е традиционален лек во кинеската медицина, а гастродинот во облик на капсули може да се набави на странскиот пазар.
Витамин B3 (nikotinamid ribozid). Ова е облик на витамин Б3, а истражувањето објавено во медицинското списание Cell Reports ја покажало способноста на овој витамин да ги зачува мозочните клетки. Изгледа дека тој го подобрува функционирањето на енергетските центри во мозокот и во внатрешноста на самите клетки на нервниот систем. Типично дозирање е помеѓу 2 и 17 грама дневно, иако кај оние кои веќе заболеле од Паркинсонова болест е можеби потребно повеќе.
Пробиотици. Бидејќи поврзаноста помеѓу мозокот и органите за варење е силна, не е изненадување дека неодамнешното проучување, објавено во списанието Clinical Nutrition, утврдило дека редовното земање суплементи на пробиотици ги намалило маркерите за штетните показатели за Паркинсонова болест а го зголемило присуството на корисни супстанции во организмот, а исто така, донекаде ја ублажило и општата состојба кај заболените. Потребно е дополнително истражување за да се утврди кои точно видови на пробиотици се најдобри, но за почеток можат да се користат суплементи кои содржат повеќе различни видови на пробиотици.