Џин-тоник помага во борбата против алергиите

Освен што освежува, џин-тоникот може да ги ублажи симптомите на алергија.

0
379

Сезоната на алергии во голема мера започна, а со тоа и добро познатите симптоми како кивање, кашлање и насолзени очи.

Иако алергиите се третираат со антихистаминици, помалку е познато дека нивните симптоми може да ги ублажи и чаша алкохол, поточно, џин-тоник.

Хистаминот и сулфитот се супстанции кои ги влошуваат алергиските реакции и се наоѓаат во одредени видови храна и алкохолни пијалаци – претежно во потемни и ферментирани, како што се црвено вино и пиво.

Наспроти нив, џинот и тоникот имаат мала количина хистамин, а џинот, првично, воопшто не содржи сулфит, освен ако производителот дополнително не го додаде во пијалакот.

Токму поради споменатата содржина, овој коктел може да ги отвори дишните патишта и да ги намали алергиските симптоми. За да се избегне забуна, тоа нема да ја излечи алергијата, но ќе ги ублажи тешкотиите.

Фото: Pexels