Овој ароматичен намаз е готов за само неколку минути, а целото семејство ќе може да ужива во него преку целиот ден. Тоа што ќе ви остане ставете го во мала тегла и искористете го за вечера.
Комбинирајте го со свеж црн леб, домашен крекер или свеж зеленчук.
Состојки:
300 г грашок
1 чешне лук
Сок и кора од половина лимон
10 исечкани ливчиња нане
100 г маскарпоне
Сол и црн пипер
Приготвување:
Ако користите свеж грашок, сварете го во солена вода, исцедете и почекајте да се олади. Замрзнатиот грашок одмрзнете го целосно. Грашокот, исечканиот лук, сокот и кората од лимон и нането ставете ги во блендер сѐ додека смесата не се изедначи.
Додадете го маскарпонето, измешајте и зачинете по вкус.
Фото: Pixabey