Ѓумбирот е здрав, ама не за сите

Експертите посочуваат дека луѓето кои не страдаат од било какви медицински состојби, можат да земаат 4 грама ѓумбир во прав на ден. На бремените жени им е дозволено да земаат 1 грам ѓумбир во прав на ден. Во студиите кои ги испитале здравствените ефекти на ѓумбирот, најчеста доза била 250 милиграми до 1 грам ѓумбир 3 до 4 пати на ден.

0
593

Ѓумбирот е една од најздравите намирници што се користи за лекување на голем број заболувања и нарушувања. Сепак, треба да се користи внимателно, бидејќи не им одговара на сите. Ова е особено точно за луѓе кои имаат некои здравствени проблеми, па затоа треба да внимаваат на внесот на ѓумбир.

Ако припаѓате на некоја од овие групи, задолжително консултирајте се со доктор пред да започнете со консумирање.

1. Луѓе кои земаат лекови за крвен притисок
Некои лекови за контрола на нивото на крвниот притисок може да имаат интеракција со ѓумбирот. Нивото на притисок потоа станува премногу ниско, такашто ритамот на срцето може да биде нарушен. Ако земате лекови за да го контролирате крвниот притисок, не започнувајте со употреба на ѓумбир пред да го дозволи тоа вашиот лекар.

2. Луѓе кои страдаат од жолчни камења
Жолчното кесе се наоѓа под црниот дроб и е поврзано со жолчниот канал и служи како складиште за жолчката што ги разградува маснотиите во цревата. Ако жолчните камења влезат во жолчниот канал, тие можат да го блокираат протокот на жолчката, предизвикувајќи таа да се врати во црниот дроб.

Ѓумбирот го стимулира производството на жолчката, такашто луѓето кои страдаат од жолчни камења може да имаат премногу високо ниво на жолч во жолчното кесе. Мислењата на експертите се поделени, некои експерти препорачуваат да се зема ѓумбир за да се отстранат жолчните камења, додека други веруваат дека во вакви ситуации е подобро целосно да се избегнува ѓумбир. Затоа е важно да разговарате со вашиот лекар пред да земете ѓумбир, а доколку ви одобри, обрнете внимание на количината.

3. Луѓе кои земаат лекови против згрутчување на крвта
Ѓумбирот ја разредува крвта, што значи дека треба да го избегнуваат луѓе кои земаат антикоагуланси или имаат нарушувања на крварењето.

4. Луѓето кои земаат лекови за контрола на дијабетес
Ѓумбирот може да го намали нивото на шеќер во крвта и е добро за дијабетичарите кои го контролираат нивото на шеќер исклучиво преку исхраната. Но, во комбинација со лекови, ѓумбирот може премногу да го намали нивото на шеќер и да го зголеми ризикот од развој на хипогликемија. Затоа, дијабетичарите кои земаат лекови или инсулин можат да користат ѓумбир само со претходна консултација со лекар.

5. Бремени жени
Жените многу често користат ѓумбир за да се ослободат од утринските мачнини, но експертите советуваат да не го земаат без претходна консултација со лекар. Претходните истражувања дадоа различни резултати во врска со внесот на ѓумбир за време на бременоста, а загрижувачки факт е дека ѓумбирот може да го зголеми ризикот од спонтан абортус.

Причината за ова е зголемениот ризик од крварење за време на бременоста, па експертите препорачуваат целосно да избегнувате ѓумбир доколку страдате од нарушувања на крварењето. Што се однесува до тежината на породувањето или вродените нарушувања, досегашното истражување покажало дека ѓумбирот нема никакво влијание.

Колку ѓумбир може да земете?
Повеќето луѓе добро го толерираат ѓумбирот и често го користат за ублажување на пречките во варењето (гадење, повраќање), ги ублажуваат симптомите на артритис и менструална болка.

Експертите посочуваат дека луѓето кои не страдаат од било какви медицински состојби, можат да земаат 4 грама ѓумбир во прав на ден. На бремените жени им е дозволено да земаат 1 грам ѓумбир во прав на ден. Во студиите кои ги испитале здравствените ефекти на ѓумбирот, најчеста доза била 250 милиграми до 1 грам ѓумбир 3 до 4 пати на ден.

Она што е супер во врска со ѓумбирот е тоа што можете да го користите во свежа состојба или во прав. Ѓумбирот е многу поконцентриран и треба да консумирате помалку кога е во таа форма, а 1 лажица свеж ѓумбир е еднаква на 1/4 лажичка ѓумбир во прав.

Фото: Pixabey