Најосвежителната летна супа со минимум калории

Краставица и лубеница...нема подобра и помалку калорична летна комбинација од оваа за вкусно и освежително гаспачо

0
379

Состојки:

500 г краставици + 1 помала за сервирање

2 лажици оцет

Една рака ливчиња од свежо нане

Коцки мраз за сервирање

1 кришка лубеница

Свежо мелен црн пипер

Сол

Маслиново масло

Приготвување:

  1. Исечете ги краставиците на тркалца и заедно со измиените ливчиња нане, сол, црн пипер, оцет и маслиново масло и ставете ги во блендер.
  2. Ставете ја смесата во чинија, додадете неколку коцки мраз, лубеницата исчистена од семки и исечена на коцки, ставете неколку коцки краставица и украсете со неколку ливчиња свежо нане.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.