Што е тоа „суперхрана“?

Храната што заслужува име на суперхрана содржи високо ниво на витамини, минерали и фитонутриенти кои се борат против слободните радикали одговорни за нарушувањата во организмот.

0
144

„Суперхрана“ е израз што се однесува на храна со исклучителни здравствени придобивки. И покрај тоа што нивната вредност за лекувањето на болести е честопати оспорувана од научни студии, „супер храната“ има позитивно дејство во спречувањето на кардиоваскуларни болести, карцином, остеопороза и детоксикација.

Храната што заслужува име на суперхрана содржи високо ниво на витамини, минерали и фитонутриенти кои се борат против слободните радикали одговорни за нарушувањата во организмот.

Гоџи бобинки

Гоџи бобинките имаат специфичен слатко-кисел вкус кој содржи повеќе витамин Ц од која било друга храна. Тие содржат 18 аминокиселини и 21 минерал, витамин Б комплекс и витамин А. Гоџи бобинките се добар антиоксиданс и идеална храна за спречување на стареењето.

Акаи бобинки

Акаи бобинките, како храна на Амазонија, пристигнаа и во нашиот регион. Тие изгледаат како црно грозје, а благодарение на високата содржина на антоцијанини и флавоноиди, тие се едни од најсилните антиоксиданти во светот. Делуваат превентивно на рак и на срцеви заболувања, ги подобруваат менталните способности и спречуваат депресија.

Мака прав

Мака прав се добива од коренот на билката мака кое потекнува од Андите, односно од денешните Боливија и Перу. Маката е слична на коренот на ротквицата, тој е исклучително хранлив и е извор на сила и плодност. Се смета за моќен антиоксидант, афродизијак и природен извор на енергија што ги ублажува заморот и стресот.

Спирулина

Спирулината е алга што ја користат народите на Африка многу години. Нејзино посебно својство е содржината на протеини, што изнесува дури 70% протеини, па затоа е еден од најдобрите извори на протеини на земјата. Го контролира нивото на шеќер во крвта и е „суперхрана“ која првенствено им се препорачува на дијабетичари и луѓе кои сакаат да изгубат тежина.

Чиа семе

Чиа семето личи на сусам и било задолжителен дел од исхраната на племињата на Ацтеките и Маите. Денес, тие повторно се користат како најголем извор на есенцијални масни киселини и антиоксиданти и како „суперхрана“ која содржи 6 пати повеќе калциум од млекото. Помагаат при разградување на маснотиите, обезбедуваат чувство на ситост, па затоа најчесто се препорачуваат во исхраната за спортисти.

Иако овие намирници не можат да гарантираат излекување, тие навистина се истакнуваат поради нивните хранливи вредности и ја намалуваат можноста за бројни болести.

Фото: Unsplash