Што е кумин, а што ким и која е разликата?

Главната здравствена придобивка на куминот е неговата помош во работата на дигестивниот систем. И кимот има многу лековити својства, а се користи и како зачин. Еве која е разликата помеѓу нив.

0
3896

Луѓето често ги мешаат поимите кумин и ким, верувајќи дека се исти. Куминот е доста полут, посветол и семките се поголеми во однос на кимот. Специфичниот вкус на куминот е силен и има топла арома поради содржината на есенцијално масло.

Кумин

Куминот е сушено семе на растението (Cuminium cyminum) кое потсетува на магдонос. Главната здравствена придобивка на куминот е неговата помош во работата на дигестивниот систем. Го стимулира лачењето на ензимите за варење, им помага на желудникот, жолчката и панкреасот да функционираат подобро.
Куминот се користи како цело семе, но во многу култури се користи и мелен. Може да се најде во сосот од кари, во многу мексикански и индиски јадења, како и во некои сирења. Во конвенционален индиски рецепт, се прави напиток од семки од кумин и вода што се користи за да се избегнат срцеви заболувања, во лекување на отоци, при повраќање, лошо варење и треска.

Црн кумин (Nigella sativa)

Овој вид црн кумин е тесно поврзан со семејството на билката глуварче. Семето од црн кумин изгледа како семе од црн сусам.

Црн ким (Bunium persicum)

Друг вид црн кумин, Bunium persicum, се користи во јадењата на Блискиот исток и Индија.
И двата вида црн кумин имаат лековити својства што им се припишуваат.
Докажано е дека црниот кумин има благотворно дејство во лекувањето на многу болести, вклучувајќи ревматоиден артритис, дијабетес, мултиплекс склероза, разни алергии, респираторни заболувања, заболувања на црниот дроб, кожни болести и помага за подобро функционирање на циркулаторниот систем.
Црниот кумин се користи и за производство на масло кое најчесто се користи за медицински цели, а се добива со ладно цедење на температура што не треба да надминува 60-80°C за да не ги изгуби своите лековити својства.

Ким

Кимот е многу пораспространет од куминот, и се користи цел, а не мелен. Семето на ким е потемно, ребресто и свиткано. Кимот е самоникната билка, иако и се одгледува, и има плодови што всушност погрешно се нарекуваат семе, но ова е вообичаена практика. Нивниот вкус е доста интензивен, додека мирисот може да се спореди со мирисот на мента.
Кимот се користи како зачин, и има многу лековити својства, некои од нив се подобра работа на дигестивниот и урогениталниот систем, се користи и за грип и настинка бидејќи помага при искашлувањето, а има и антисептичко дејство.
Семето, кое е доста различно по вкус и изглед, иако е многу слично по името, е црниот ким. И покрај нивните имиња, тие немаат некои значајни сличности. Семките од црн ким се мали и многу темни.

Црн ким

Црниот ким се користи и како зачин во некои култури, а има и повеќе лековити својства. Меѓу другото, се користи во третман на хронична кашлица и бронхитис, астма, алергии, стомачни заболувања и слаба циркулација.
Познато е дека маслото од црн ким е богато со омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини и затоа се препорачува за широка употреба затоа што некои од најчестите болести денес се предизвикани од недостаток на овие киселини во човечката исхрана.

Фото: Pixabay