Што да правите ако ви се зашеќери слаткото?

Ако сте се измачиле за да направите слатко, секако дека нема да сакате да ви остане, да се расипе или да го фрлите. Еве како да го зачувате ако се зашеќерило

0
180

Дали ви се случило да ви се зашеќери слаткото што сте го направиле и дали знаете зошто се случува ова? Искусните домаќинки велат дека повеќето почетници ја прават клучната грешка – го преваруваат слаткото.

Кога правите слатко, по правило, треба да се отстрани од огнот додека е уште течно, бидејќи кога ќе се излади, сигурно ќе се згусне. Ако дозволите да се згусне целосно на рингла, ризикувате да добиете зашеќерено слатко во теглите.

Но, има решение за тоа.

Слаткото лесно се „поправа“. Првиот чекор е да го загреете на пареа или во микробранова печка и да почекате шеќерот да се растопи. Потоа префрлете го во тенџере, додадете малку топла вода и доведете го до вриење на тивок оган, мешајќи постојано. Кога структурата е рамномерна и мазна, се додава лимонска киселина. Два грама на литар течност и топлото слатко се става во суви тегли, кои се вртат наопаку за да се вакумираат.