Шеф Никола Мишковски ги стави во мисла пријателите: Што е ова? (ОБНОВЕНО)

„До сите познавачи на храна имам едно прашање !!!Дали знаете што е ова на сликата ????“, напиша тој до фотографијата која вечерва ја објави на својот ФБ профил. Што мислите вие, што е ова? Верувале или не, станува збор за јајце купено во маркет.

0
649

Вечерва на Фејсбук, наместо да полемизираат на најактуелните теми деновиве, КОВИД-19 и спорот со Бугарија, голем број луѓе, повеќето пријатели на нашиот познат шеф Никола Мишковски, нагаѓаа што е ова на фотографијата која тој ја објави на својот ФБ профил.

„До сите познавачи на храна имам едно прашање !!!
Дали знаете што е ова на сликата ????“, напиша тој до фотографијата.

Следуваа безброј одговори, но ниту еден точен.

Шеф Никола ни го ‘шепна’ одговорот. Искрено, никогаш немаше да погодиме.

Се придружуваме на предизвикот и ве прашуваме што мислите вие, што е ова на фотографијата?

Верувале или не, станува збор за јајце купено во маркет кое шеф Никола вели дека не било расипано, туку само чудно на изглед.