Чоколадни кекси со р’жан леб

Практичниот Џејми Оливер се надминал себеси кога ги смислил овие кекси во кои брашното е заменето со остатоци од р’жан леб.

0
255

Популарниот шеф ги смислил овие кекси во кои го заменува брашното со остатоци од р’жан леб. Остатоците не морате повеќе да ги фрлате или да ги претворате во лебни трошки, туку можете да ги искористите за брз десерт.

Од една смеса можете да направите дури 24 кекси, идеални за попладневно опуштање.

Состојки:

100 г темно чоколадо

100 г р’жан леб

2 големи јајца

50 г шеќер во прав

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Пректијте ја тепсијата со хартија за печење и ставете малку маслиново масло. Растопете го чоколадото на пареа, тргнете го од оган и додадете го путерот. Мешајте додека не се стопи. Лебот раздробете го, па додадете ги јајцата и шеќерот. Мешајте додека сите состојки не се соединат. Ставете ја смесата во еднократна кесичка за украсување, исечете го врвот од кесичката и истискувајте тркалезни форми со големина од 3-4 цм.

Печете ги 8 до 10 минути, извадете ги од рерна и поросете ги со малку крупна сол.

Фото: Фејсбук