Тестенини со песто од брокули

Уште една варијанта на тестенини, но фокусот не е на тестенините, туку на пестото кое овојпат е направено од брокула. Значи, не мора секогаш да е со босилек...има милион вкусни и здрави варијанти

0
490

Состојки:

180 г брокула

100 г маслиново масло

50 г бадеми

чешне лук

40 г рендан пармезан

1 грст свеж лист од магдонос

5 лажици топла вода

половина лажичка сол

малку црн пипер

300 гр тестенини по ваш избор

Приготвување:

Сварете ја брокулата на пареа 3 минути. Ставете ја во блендер и додадете ги останатите состојки (освен тестенините) и измешајте. Згответе ги тестенините како што е наведено на пакувањето и додадете ги жешки во малку разладениот сос. Измешајте сè и сервирајте топло. По желба додадете шери домати.

Фото: Pixabey