Состојки:
180 г брокула
100 г маслиново масло
50 г бадеми
чешне лук
40 г рендан пармезан
1 грст свеж лист од магдонос
5 лажици топла вода
половина лажичка сол
малку црн пипер
300 гр тестенини по ваш избор
Приготвување:
Сварете ја брокулата на пареа 3 минути. Ставете ја во блендер и додадете ги останатите состојки (освен тестенините) и измешајте. Згответе ги тестенините како што е наведено на пакувањето и додадете ги жешки во малку разладениот сос. Измешајте сè и сервирајте топло. По желба додадете шери домати.
Фото: Pixabey