Таљатели мејд бај Лидија Георгиева

Ја замоливме нашата дизајнерка Лидија Георгиева да сподели со читателите на списанието „Арт кујна“ еден од своите интересни рецепти и го добивме овој - за таљатели од тиквички

0
475

Модната дизајнерка Лидија Георгиева, која 20 години од својот живот помина во Париз, освен за модата и за дизајнот, во овој период од својот живот научила многу и за гастрономијата.

Бидејќи веќе еднаш ни ја отвори вратата од својата кујна и ни покажа дека освен во областа на модата и дизајнот, таа е креативна и секојдневно, во својата кујна,  побаравме од неа да сподели некој од своите омилени рецепти со читателите на списанието „Арт кујна“, во рубриката ‘Рецепт од читател’.

Го добивме рецептот за нејзините таљатели од тиквички кој можете да го најдете во списанието, кое веќе го има во сите продажни места.