Супа од јагоди?!?

Има еден куп рецепти за десерти со јагоди, но веројатно ретко кој се сетил да прави супа од јагоди. Можеби оваа сезона е ред да пробаме една ладна супа од јагоди

0
150

Состојки:

1 шолја вода

1 шолја незасладен сок од јаболка

2/3 шолја шеќер

1/2 лажичка цимет

1/8 лажичка мелени каранфилчиња

2 шолји јогурт

¼ шолја кисела павлака

300-400 г јагоди

неколку ливчиња свеж босилек

Приготвување:

Во големо тенџере помешајте 3/4 шолја вода, сок од јаболки, шеќер, цимет и каранфилчиња. Кога ќе зоврие тргнете го настрана. Ставете ги јагодите и преостанатата вода во блендер и измешајте ги додека не добиете компактна смеса. Додадете го изладениот сок од јаболки и јогуртот и оставете да стои во фрижидер најмалку 2 часа.

Послужете со павлака и украсете со свежи ливчиња босилек.

Фото: Unsplash