Со тинктура од каенски пипер против грлоболка и проблеми со срцето

Дали знаевте дека веќе имате природен лек за главоболки, варење и артритис во оставата, кое е воедно ефикасна прва помош кај првите симптоми на срцев удар?

0
203

Каенскиот пипер се добива од каенски пиперчиња, кои припаѓаат на родот на лути пиперки (лат. Capsicum annum). Тие се користат со илјадници години како лек во традиционалната кинеска и ајурведска медицина.

Бидејќи се исклучително лековити и здрави, дефинитивно треба да најдат место и во вашата кујна и домашна аптека.

Каенскиот пипер ја содржи медицинската состојка капсаицин, која делува со отворање на синусите, го стимулира метаболизмот, го зајакнува имунолошкиот систем, има антиинфламаторно дејство, па дури има и антиканцерогени својства.

Во културите каде што секојдневно се консумира постои многу помал ризик од мозочен или срцев удар, благодарение на зголемената фибринолитичка активност – процес што го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

Покрај тоа што ќе го подигнете вкусот на секое јадење и ќе имате здравствени придобивки, лесно и едноставно можете да направите лековита тинктура од овој моќен прав.

Се што ви треба за тинктурата се сушени каенски пиперки, вотка (за алкохолна варијанта) или јаболков оцет (за безалкохолна варијанта) и тегла од 1 литар.

Иако подготовката на тинктурата е брза, имајте на ум дека до првата примена треба да се почека околу 5 недели.

Тинктура од Каенски пипер – рецепт

Состојки:

сушени каенски пиперки или каенски пипер во прав
50-процентна вотка (или јаболков оцет за безалкохолната варијанта)
тегла со капак од 1 л

Приготвување:

1. Ако користите сушени каенски пиперчиња, наполнете ја теглата со нив (користете ракавици).

Ако користите каенски пипер во прав, наполнете ја теглата до половина. Истурете вотка или јаболков оцет врз пиперките или каенскиот пипер, така што ќе остане малку слободен простор до капакот.

Покријте ја теглата и префрлете ја на темно ладно место.

2. Оставете ја тинктурата да отстои 4-6 недели. Протресувајте ја теглата 2-3 пати неделно или уште подобро, секој ден.

3. По 4-6 недели, процедете ја тинктурата во стаклено шише или во темни шишиња со капалка (за полесно дозирање).

Ако користите каенски пипер во прав, процедете го преку густа газа.

Алкохолната тинктура може да ви трае 2 до 5 години, дури и подолго. Чувајте ја на ладно место.

Ако сте подготвиле безалкохолна тинктура од јаболков оцет, треба да ја консумирате во рок од 6 месеци.

Забелешка: важно е за тинктурата да користите вистински каенски чили пиперчиња или квалитетен каенски пипер во прав. Колку се полути, толку повеќе содржат од лековитата состојка капсаицин.

Придобивки од каенскиот пипер

Каенската пиперка делува како адстрингент (ја затегнува кожата) и спазмолитично (ги ублажува грчевите), има и антибактериско дејство и ја стимулира циркулацијата, заради што е одлична за срцето и крвните садови.

Еве за што може да ви помогне тинктурата:

1. Помага при главоболки

Оваа тинктура може да ги ублажи главоболките и мигрените. Додадете неколку капки тинктура во обична вода и испијте ја.

2. Ја подобрува циркулацијата низ телото

Тинктурата ја прочистува крвта, ги отстранува згрутчувањата на крвта и блокадите во артериите, вените и лимфниот систем и ја подобрува еластичноста на крвните садови.

3. Го намалува крвниот притисок

Во случај на висок крвен притисок, земете малку тинктура измешана со лук.

4. Помага при аритмии и го забрзува закрепнувањето по срцев удар

Со земање на тинктурата, можете да го балансирате срцевиот ритам, да спречите згрутчување и да му помогнете на вашето срце побрзо да закрепне по срцев удар.

5. Ја ублажува болката во грлото

Малку тинктура ќе ви помогне при првите симптоми на болки во грлото.

6. Помага при артритис, проширени вени и хемороиди

Освен примената на самата тинктура, можете да додадете малку каенски пипер во прав во природните мелеми и масти или во кокосово масло и да ја подмачкате кожата во случај на проширени вени, артритис или непријатни хемороиди.

7. Го подобрува варењето и ги ублажува чиревите на желудникот

Во случај на лошо варење и чир, испијте неколку капки тинктура со вода.

8. Го зголемува нивото на енергија

Комбинирајте ја тинктурата со женшен за да го отстраните заморот и да го зголемите нивото на енергија.

9. Може да го запре крварењето

Ако имате повреда и крвавите, исплакнете ја раната со тинктурата (1-5 полни капалки). Ако имате крварење на чир на желудникот, ќе ви помогне оралната примена на оваа тинктура.

Примена на тинктурата

За секој од овие проблеми, капнете неколку капки тинктура во чаша вода и пијте.

Во зависност од интензитетот на болката, може малку да ја зголемите или намалите дозата на тинктурата. Доколку е потребно, повторете ја примената.

Исто така, оваа тинктура можете да ја додадете во други тинктури од лековити билки за да ги зголемите нивните лековити својства и ефикасност.

Помош при срцев удар

Тинктурата е толку моќна што може да го спаси животот во рок од една минута кај лице со првите симптоми на срцев удар.

Затоа, ако некој од членовите на вашето семејство веќе има проблеми со срцето, ова е дополнителна причина да ја направите оваа тинктура.

Прва помош при срцев или мозочен удар

Ако лицето кое доживеало срцев или мозочен удар е свесно, дајте му 5 до 10 капки од тинктурата. По 5 минути, можете да ја повторите постапката. Секако, веднаш повикајте лекар или брза помош.

Ако лицето е во несвест, ставете му 1 до 3 капки тинктура под јазикот и продолжете со реанимација. Доколку е потребно, повторете ја постапката по 5 минути.

Фото: Pexels