Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа долго време преовладуваше мислењето дека не смее да се консумира во сирова состојба.
Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Сепак, доколку не е дозреан и има зелена лушпа и наместа зелени делови, не смее да се јаде.
За лековитоста на сокот од компир зборуваат многу експерти кои сметаат дека тој е природно средство за лекување на многу состојби на организмот.
Па така, доколку некој има проблем со гастритис, се препорачува да зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред јадење. Ониер пак со чир на желудник треба да пијат секојдневно половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.
Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и за лекување на болести на белите дробови, па дури и кај потешки болести како емфизема.
Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професор Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториските глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.
Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болестите на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, ревматски болести…
Независно од позитивните влијанија во третманот кај тешките болести, пиењето сок од сиров компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот.
Помага и кај честите главоболки и менструални болки.
Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели и повторно ќе бидете во форма.
Сокот од компир го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од отрови, се користи како дел од терапија против рак, помага кај гастритисот и други тегоби во желудникот, го намалува шеќерот во крвта, помага кај болести на црниот дроб и бубрезите, штити од кардиоваскуларни заболувања.
Најдобро е да се консумира како сок, но за поубав вкус може да го измешате со овошје и зеленчук по избор, на пример јаболко или морков, со сок од лимон или мед.
Фото: Pixabey