Мислите дека здравата храна е скапа? Не е баш така

Ова е веројатно најчестиот изговор на оние кои не внимаваат многу на здравата исхрана, а кога мислат, тогаш всушност мислат на авокадо, кокосово млеко, бадеми и слично. Но има многу други супер здрави намирници кои можете да си ги дозволите и кога ви е паричникот празен

0
223

На полиците за здрава храна, како и во специјализираните продавници за здрава храна, цените навистина можат да бидат високи, но тоа не значи дека не можете да се храните здраво, дури и ако ви е паричникот речиси празен.

Она што порано се сметаше за достапна, ефтина храна, денеска е вистински луксуз.

Органската и здрава храна чини како суво злато, но за среќа, се уште има здрави намирници  кои може секој да си ги дозволи. Да почнеме од корените.

На пример, цвеклото, таканаречената кралица на здравјето го чисти црниот дроб и им помага на сите кои се борат со слабокрвност. Богато е со влакна, па го забрзува метаболизмот и ги олеснува проблемите со нередовни столици, ја зголемува мускулната издржливост и го подобрува расположението. Содржи бројни минерали како магнезиум, калиум, калциум, магнезиум, железо и фосфор, ја обновува крвта и делува на сузбивање на појавата на злокобни болести.

Освен цвеклото, тука се и чичоките. Овој зеленчук е достапен преку целата зима. Изгледот на коренот е сличен на компирот, а вкусот е сличен на артичоката.

Содржат многу малку калории, но и железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и витамини А, Ц, Д и некои витамини од групата Б.

За чичоката е карактеристично што содржи есенцијални аминокиселини, кои самиот организам не може да ги произведе, а кои се неопходни за нормално функционирање на речиси сите витални билошки функции на организмот.

Кртолите содржат инулин, поради што се извонредна замена за компирот и се препорачуваат во исхраната на дијабетичарите.

Добри се и за превенција и лекување на ревматски болести, но истовремено се и силен афродизијак. Го јакнат имунитетот, го регулираат притисокот, добри се во превенцијата и лекувањето на алергии, анемија, болести на срцето и крвните жили, а делуваат и антибактериски.

И се разбира, тука се и морковите, како и сите други репи, за кои сме пишувале многу пати досега.

Секако, има уште. Многу стручњаци тврдат дека овесната каша е најдобар оброк за почеток на денот. Го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и е полна со влакна поради кои сме долго сити. Содржат калциум, железо и магнезиум и се одлични за трудниците.

Палентата е уште еден добар избор кога станува збор за здрава храна. Ги јакне ѕидовите на дебелото црево и е одлична за срцето. Не соддржи глутен па можат да ја јадат и оние што се алергични.

Понекогаш и храната во конзерва може да се смета за здрав избор. На пример, ако имате слаба коса и нокти задолжително земете и конзерва грав во кој има полно железо. Можете да го помешате со зелена салата и е одлична замена за месо бидејќи ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини важни за вашето здравје. Одличен извор е на калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум и полн е со белковини. Тука е и наутот. Тој ги чува вашите коски, срце и системот за крвоток, а цинкот што го содржи ги спречува честите настинки и инфекции. Освен цинк, содржи и магнезиум и железо, па од него, со малку маслиново масло и лук, можете да направите вкусен хумус.

Јајцата се еден од најдобрите извори на протеини и се полни со антиоксиданси па ги чуваат нашите очи, нервниот и мозочниот систем, а благодарение на витаминот Д, и коските, забите и косата.

Кога ќе видите зеленчук од типот на зелка, спанаќ, целер, и слично, по одлична цена, не ја прескокнувајте можноста. Тие се полни со витамини и минерали кои ќе се погрижат за вашето здравје!

Да набројуваме уште?

Фото: Pixabey