Сокови од зеленчук, и вкусни и лековити

Свежите сокови од зеленчук се корисен додаток во исхраната, особено кога некој не внесува доволно витамини. Најдобар ефект се постигнува кога се пијат свежо исцедени, бидејќи некои сокови ја губат вредноста ако стојат подолго

0
113

Често се случува еден ист начин на подготвување храна брзо да не замори.

Подготвувањето сокови од зеленчук е многу едноставно, доволно е само да го изрендате или да го исечкате зеленчукот и да го оставите да отстои некое време, или ако се готви, користете ја водата што ја пуштил и исцедете ја. Освен што се лековити, овие сокови, доколку се засладени со мед, или измешани со овошје, можат да бидат и исклучително вкусни. Идеално време за консумирање сокови од зеленчук, како и овошни сокови е 30 минути пред оброците, никогаш после тоа, затоа што го отежнуваат варењето.

Сок од морков

Придонесува за нормализирање на сите функции во телото. Тој е најдобриот извор на витамин А. Одличен е за очите, го отвора апетитот, корисен е за сузбивање на кашлицата, зајакнување на ноктите, чистење од детски глисти во цревата и ефикасен е во борбата против дерматитис, сува или испукана кожа.

Подготовка: Изрендајте половина килограм моркови и процедете низ чиста газа. Можете исто така да го комбинирате со свежо исцеден сок од лимон, портокал или јаболко.

Сок од бела репка

За да го добиете сокот од бела репка, исечкајте ја на тркалца, ставете малку шеќер или мед оставете да отстои неколку часа, исцедете го, а потоа испијте го во мали голтки.

Праз

Испасирајте го варениот праз низ чиста крпа за да добиете сок. Пијте го засладен со мед по вкус, наутро и навечер.

Црвен кромид

Исечете го кромидот, додадете го медот по вкус и оставете го да отстои преку ноќ. Следниот ден, исцедете и земете две лажички сок од кромид на секои два часа.

Сок од цвекло

Цвеклото прво се ренда, а потоа се цеди. Сокот може да се пие сам или во комбинација со сокови од јаболко или морков. Пијте половина чаша еднаш или двапати на ден во рок од десет дена.

Сок од зелка

Потребно е килограм свежа зелка, еден лимон и многу малку сол. Исчистете ја и изрендајте ја зелката, додадете малку сол и оставете ја да стои за да се ослободи сокот, а потоа исцедете ја преку газа и додадете го исцедениот лимон. Пијте половина чаша еднаш или двапати на ден во рок од десет дена.

Сок од целер и морков против настинка и грип

Исцедете околу 100 грама моркови и 100 грама целер. Оставете да отстои, па процедете. Пијте го сокот веднаш штом ќе го исцедите, бидејќи тој брзо ги губи витамините и целиот витамин Ц исчезнува за половина час.

Забелешка: Оваа количина е доволна за една чаша сок.

Совет ПЛУС

  1. Морковот го стимулира искашлувањето на слузта
  2. Дејствува како антисептик, го забрзува заздравувањето на раните – нанесете ладна супа од морков на кожата за да го олесните лупењето, грубоста и чешањето.
  3. За ублажување на чешањето на кожата – исплакнете ја кожата со вода во која сте зготвиле моркови затоа што содржи бетакаротен кој има лековито дејство на кожата.
  4. Чаша сок од морков половина час пред оброк може да биде одлично средство за поттикнување на апетит. (Подгответе сок од 4 моркови и разредете со иста количина на вода.)
  5. Сокот од морков ја ублажува и лекува кашлицата.

Може да ги подготвите сите сокови во соковник или во блендер. Во вториот случај ќе го користите целото овошје од кое ќе добиете густ сок.

Фото: Pixabay