Салата од морков со ѓумбир и куркума

Салата од морков зачинета со фантастична комбинација на состојки кои ѝ даваат супер интересен и освежителен вкус. Погодна за вегани

0
424

Оваа салата е уште подобра кога стои во фрижидер неколку часа, па дури и до следниот ден.

Состојки:

4 моркови
парче ѓумбир од околу 2 цм
1-2 млади кромитчиња
1 чешне лук
свежи листови од коријандер или нане
кора од лимон
кора од портокал

По желба:
суво грозје
бадеми или лупен сончоглед

Прелив:

1 лажичка мед
малку маслиново масло
малку куркума во прав
сок од лимон или портокал
по избор: малку јаболков оцет

Приготвување:

Исечкајте ги или изрендајте ги морковите и ѓумбирот, и згмечете го лукчето. Додадете ги изренданите кори од лимон и портокал и суво грозје и сончоглед или бадеми доколку ги користите. Додадете ливчиња од коријандер и нане.

Подгответе го преливот: измешајте мед, маслиново масло, малку куркума, сок од лимон или портокал, сол. Прелијте ја салатата и убаво измешајте, додадете исечкан млад кромид и сервирајте ја веднаш или ставете ја да се олади во фрижидер.

Фото: Pixabey