Ресторанот Нома на Рене Реџепи доби 3 ѕвезди

Водичот Мишелин го објави својот избор за 2021 година за нордиските земји и има два нови ресторани со три sвезди: Нома во Копенхаген и Маемо во Осло. Ресторанот Нома е на шефот со потекло од Македонија кој дел од детството го поминал во гостиварско

0
419

Храмот на нордиската кујна во Копенхаген, Нома, на Рене Реџепи, конечно беше награден со трета Мишелин sвезда на церемонијата што се емитуваше од концертната сала Ставангер во Норвешка.

Нома почиваше на две Мишелин sвезди повеќе од една деценија, дури и кога беше на врвот на листата од 50 најдобри ресторани во светот во 2010 и 2011 година. Реџепи го затвори Нома за да го премести на урбана фарма на нова локација, надвор од Копенхаген. Ресторанот се отвори во 2018 година по едногодишна пауза.

Откако беше отворен во текот на летото по периодот на присилно затварање, па дури и ребрендирање во локал за вино и плескавици, Нома се врати во полн погон како еден од најиновативните ресторани во светот, интимно поврзан со природата и бескрајно инвентивен со сезонски и барани производи, како и практики за ферментација.

„Не знам што да кажам, потполно сум збунет …”, рекол Реџепи на церемонијата. „Целосно сум изненаден, чувствувам нешто што не сум го почувствувал досега, не знам како да го изразам во моментов. Јас сум навистина, навистина, навистина, целосно воодушевен. Многу сум среќен што имам неколку членови на мојот тим тука за да бидат со мене во овој посебен момент. Имавме две sвезди, мислам од 2007. година, ова се 14 години чекање, имаме трпение. Во еден момент, исто така, мислите дека можеби тоа никогаш нема да се случи“.

„Не можам да верувам дека ќе треба да додадеме уште една sвезда на нашата плоча. О, ќе ни испратите нова плоча, нели?“ додал Реџепи.

Тој, исто така, е добитник и на наградата Мишелин готвач-ментор, како признание за огромното влијание што го имаше врз многуте готвачи што поминаа низ неговата светски позната кујна.

И додека за Нома се вели дека ова било очекувано, враќањето на статусот со три sвезди на ресторанот Maaemo во Осло било понеочекувано. Претходно во сопственост на три sвезди, сопственикот и готвач Есбен Холмбо Бенг ги изгубил кога го затворил ресторанот за да се пресели на друга локација.

Водичот Мишелин го продолжува своето воодушевување од нордискиот регион со ова издание, со што вкупниот број на ресторани со sвезда во областа достигнал 65, вклучувајќи 49 ресторани со една ѕвезда, 12 со две и четири со три ѕвезди.

Девет ресторани се со Зелена ѕвезда за одржливост.

Фото: Фејсбук