Сливовата ракија е најпознатата ракија на Балканот. Но, ракија се прави и од круши, дуњи, јаболки, смокви и ореви.
- Најстарата ракија е од Бугарија
Ракијата е жесток пијалок што се добива со дестилација на ферментирано овошје. Се смета за национален пијалок на многу словенски народи. Не е познато кој прв започнал со производство на ракија, но најстариот сад за дестилација на овој пијалок е пронајден во Ивајловград, Бугарија, а датиран од 11 век.
- Името го добила по потта
Зборот ракија е од арапско потекло и е изведен од зборот ал-рак, што во слободен превод значи пот. Се претпоставува дека таа пристигнала во нашиот регион со Турците, околу 15 век.
- Ракија се прави и од тартуфи
Сливовата ракија е најпознатата ракија на Балканот. Но, овој алкохолен пијалок се подготвува и од круши, дуњи, јаболка, смокви и ореви. Гроздовата ракија пак, се подготвува од ферментирано грозје и по потреба се ароматизира со разни билки. Меѓу понеобичните ракии на пазарот секако е и онаа со бел тартуф.
4. Ракијата „ги лечи сите болести“
И кај нас, како и кај повеќето балкански народи е вкоренето мислењето дека ракијата „ги лечи сите проблеми“. Овој пијалок помага при забоболка, варење и болки во грлото, ја намалува болката во мускулите и е корисно средство за подобрување на лошото расположение. Некои веруваат дека масажата на грбот со лековити билки ја елиминира болката во тој дел од телото.
- Ракијата може да биде дезинфекциско средство
Од пандемијата на коронавирус и недостатокот на средства за дезинфекција на пазарот, луѓето почнаа да ги мешаат домашни препарати на база на алкохол. Тука често се споменува и ракијата. Но, треба да се знае дека средството за дезинфекција ќе биде ефикасно само ако користите ракија со 60% или повеќе проценти алкохол. Индустриски произведените ракии пак, обично имаат од 40 до 50 проценти алкохол.
Фото: Pixabey