Пуслица или торта? И едно и друго

Кога не можете да се одлучите дали ви се јаде колаче или пуслица (во македонскиот позната како целувка), направете ги и едното и другото и спојте ги. Оваа одлична комбинација нашата читателка Јана не ни препорачува да ја правиме често зашто е вистинска шеќерна бомба

0
233

Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Јана Русевска, млада мераклика за правење слатки, која вели дека инаку многу ретко јаде слатки, ама има денови кога ѝ е потребна некоја ваква шеќерна бомба.

Инаку, рецептот е нејзина креација од два елементи кои си ги споила по свој вкус.

Состојки:

За тестото:

300 г брашно

1 прашок за печиво

1/2 лажичка сол

170 г путер

100 г шеќер

6 жолчки

240 мл млеко

1 ванилин шеќер или екстракт од ванила

За филот:

200 г црно чоколадо

200 г путер

По желба, лупени бадеми, лешници или ореви.

За горниот дел (големата пуслица/целувка):

6 белки

450 г шеќер

неколку капки сок од лимон

Приготвување:

Изматете ги путерот и шеќерот па додадете ги жолчките. Потоа се додаваат наизменично брашното (претходно измешано со прашокот за пециво и солта) и млекото.

Се пече на 180 степени. Времето на печење зависи од рерната и од дебелината на тестото. Најдобро е да проверите со чепкалка.

Направете го филот такашто ќе го истопите чоколадото заедно со путерот и ќе ги додадете исечканите јаткасти плодови кои претходно треба малку да ги потпечете во тавче.

Кога ќе се олади тестото се прелива со филот.

За пуслицата се мешаат белките додека не се згуснат како шлаг, а потоа се додава и шеќерот и неколку капки сок од лимон.

Се пече 1 час на 130 степени
Ја ставате пуслицата врз филот и тортата е готова.