Првата фарма за инсекти за јадење во Лондон, нуди прошетка и часови за готвење

Експертите велат дека иднината на човечката исхрана е во кралството на инсектите, па од неодамна Европската агенција за безбедност на храна одобри употреба на инсекти за исхрана кај луѓето. Првата фарма за инсекти за јадење во Лондон нуди тури низ објектите и часови за готвење. За жал, првата фарма за инсекти од ваков тип во регионов, поточно, во Хрватска, е сè уште на стендбај

0
121

Сигурно ја знаете статистиката: Инсектите можат да обезбедат три пати повеќе протеини и 30 пати повеќе витамин Б12 од говедското месо, користејќи дел од обработливата површина и вода. Футуристи се уморни да го кажуваат тоа, колку и да не сакате да ги прифатите нивните совети, дека: Идната исхрана на луѓето треба да се усмери кон инсектите, ако сакаме да ги запреме најлошите ефекти од климатските промени.

Ако иднината на храната лежи во кралството на инсектите, тогаш таа иднина, делумно, зависи од училишните научни проекти и родителите што ги поддржуваат. Младата Лоренс Мохан започнал да работи со фарми за инсекти за проектот за Наградата на Војводата од Единбург“ (Duke of Edinburgh Award). Откако неговата мајка, Тизиана Ди Костанцо, започнала да му помага во работата, експериментот се проширил. Посторот за инсекти изграден во дворот на семејството сега постои како прва фарма за инсекти наменети за јадење во Лондон.

Horizon Insects одгледуваат црви, штурци и бубачки во нивната урбана фарма во задниот двор. Инсектите се хранат со остатоци од зеленчук и трици од околните продавници за времетраење на нивниот животен век од шест до осум недели, пред семејството да исуши и да спакува 25 килограми инсекти богати со хранливи материи месечно.

За време на месечните обиколки тие ги шетаат посетителите низ домашните објекти, каде што инсектите се одгледуваат во вертикални сталажи кои штедат простор, по што можат да добијат и оброк направен од производите на фармата. Сушени штурци се достапни за купување, во пакување од 100 грама кое чини 8,50 фунти (околу 11 американски долари).

Ако посетителите не се сигурни што да прават со сите овие збунувачки производи, на фармата се добиваат и часови за готвење со инсекти во рамките на секоја тура. Инструкторите ве водат низ процесот на изработка на брускети во италијански стил, украсени со штурци, пржени црви со кари и коријандер, плескавица од говедско месо со црви, и крцкави чоколадни колачи со глисти. За грдите инсекти од фарма до трпеза се вели дека даваат благ вкус на земја, и на јатки – мала цена што треба да се плати за здрава планета.

За жал, првата фарма за инсекти од ваков тип во регионов, поточно, во Хрватска, е сè уште на стендбај, бидејќи, како што ни кажа нејзиниот основач Даниел Пикл, тие не успеале да ги добијат потребните дозволи за одгледување на инсекти за исхрана на луѓето.

Фото: Фејсбук