Појадувајте чоколадо

Истражувањето покажало дека чоколадото, доколку се консумира рано наутро, позитивно влијае на когнитивните функции и ја подобрува меморијата и развојот на апстрактното размислување.

0
221
Фото: Freepik

Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав“, гласи една добро позната нутриционистичка изрека. А кралскиот појадок бара кралско уживање – квалитетно темно чоколадо. Можеби звучи нелогично и спротивно на раширеното мислење дека слаткото треба строго да се избегнува наутро, но истражувањата сè повеќе се во рацете на љубителите на темното чоколадо.

Имено, научниците од еден универзитет во Њујорк спровеле големо истражување во кое учествувале 970 луѓе, на возраст меѓу 23 и 98. Во текот на истражувањето, нивните навики во исхраната не се промениле, освен што во нивниот појадок било вклучено и темно чоколадо. Овој темелен експеримент докажал дека чоколадото, доколку се консумира рано наутро, позитивно влијае на когнитивните функции и ја подобрува меморијата и развојот на апстрактното размислување.

Исто така, друго истражување на Универзитетот во Тел Авив, покажало дека вработените кои јадат чоколадо секое утро, работат подобро во текот на денот. Според познатата докторка по ендокринологија Даниела Јакубовиќ, авторка на познатиот бестселер „The Big breakfast diet“, штом ќе се разбудиме, на нашиот мозок веднаш му е потребна енергија, а утрото е дел од денот кога телото ја претвора храната во енергија на најбрз начин. Како што тврди докторката, подоцна во текот на денот, кога јадеме, нашето тело и мозок сè уште се под „висок аларм“, складирајќи ја енергијата од храната за резерва. На овој начин луѓето се дебелеат дури и кога јадат помалку.

Авторката на студијата тврди дека чоколадото не треба да се консумира после 9 часот наутро, а според неа, луѓето кои јадат јаглехидрати, протеини и десерти од 600 калории губат повеќе килограми од оние кои појадуваат 300 калории и подоцна истите оброци во текот на денот.

Научниците се согласиле во едно – она ​​што на чоколадото му дава позитивни својства е хранливата состојка флавоноид, која најчесто се наоѓа во зрната какао. Високи количини на флавоноиди може да се најдат и во чајот, црвеното вино и овошјето.

Сега знаете што можете да јадете наутро, без грижа на совест. Ќе ви се заблагодарат и вашиот мозок и фигурата.