Ви треба пола од оние долгите крушколики тикви (другата половина ќе си ја испечете за десерт).
1 кромид
1 чешне лук
сол, црн пипер во зрна
ловоров лист
масло од тиква
потпечени семки од тиква
малку босилек или нане по желба
Приготвување:
Излупете ја тиквата, исечете ја на парчиња и ставете ја во длабоко тенџере со вода. Додадете 1 кромид осечен на четвртини, сол, ловоров лист и неколку зрна црн пипер.
При крајот додадете едно чешне лук. Кога тиквата ќе омекне, трнете го тенџерето од оган и почекајте малку да се излади.
Потоа измешајте сѐ во блендер, додадете малку масло од тиква (ако имате, ако не, може и малку путер или кокосово масло) и неколку потпечени семки од тиква и малку свеж босилек или нане за декорација.
Можете да зачините и со малку сок од лимон или да додадете павлака, или пак двете.