Состојки:
2 конзерви сардини
посен мајонез
4 помали моркови
4 кисели краставички
1 поголем компир
300 грама грашок
Сол, црн пипер
Приготвување:
Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцкички. Додадете ги ситно исечканите краставички, и згмечените сардини, зачинете по желба и измешајте со посен мајонез додека не го добиете вкусот и изгледот што ви се допаѓа. Ставете ја смесата во стаклен сад и оставете ја во фрижидер барем еден час пред да ја сервирате.
Фото: Pixabey