Пире од тиква во секое време

Ако сте голем љубител на тиква и често правите различни рецепти и комбинации со тиква тогаш, за да си ја поедноставите работата треба секогаш да имате на располагање одредено количество на тиква кое ќе можете да го употребите - веднаш.

0
193

Ако често правите различни рецепти и комбинации со тиква тогаш наједноставно е да одвоите малку време за викенд и да подготвите пире од тиква кое ќе можете да го замрзнете и да си ја поедноставите работата секогаш кога ќе сакате да направите нешто брзо, вкусно и здраво.

Пире од тиква може да се направи на два начини:

Со варење. Сварете неколку парчиња тиква во малку вода и откако ќе омекнат, изгмечете ги со миксер или со гмечалка за правење пире од компири.

Со печење. Испечете неизлупени парчиња тиква во рерна на температура од 180 С околу педесет минути до 1 час, додека тиквата не стане целосно мека. Потоа, излупете ја кората и ставете ја во блендер со 2-3 лажици вода.

Вториот начин е малку подолг, но со тоа се постигнува карамелизација на тиквата, која на крајот добива посладок вкус. Вака подготвеното пире од тиква може да се чува во фрижидер до 5 дена, а во замрзнувач до 6 месеци.

Можете да го користите за да подготвите мафини или леб од тиква, како храна за бебиња, како намаз за ужина, за пити, итн.

Фото: Freepik