Пазарите почнаа да жолтеат и попортокалуваат

Стаса кралицата на есента. А таа: го регулира холестеролот, одлична е за оние кои страдаат од болести на желудникот и цревата, а нејзините семки докажано помагаат кај ракот на простата

0
223

Помеѓу зеленчукот тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина (ALA) и омега-3 масна киселина, која е добра за срцето и крвните жили.

Тиквата е меѓу најголемите извори на каротеноидите алфа-каротен и бета-каротен, соединенија на провитамин А кои е можно да се претворат во активен облик на тој витамин. Тој е, меѓу останатите, многу важен за здравјето на белите дробови. Каротеноидите се исто така силни антиоксиданси и заштита од воспаленија.

Добра е за срцето

Поновите истражувања покажуваат дека каротеноидот криптоксантин од тиквата и мускатната тиква го намалуваат ризикот за рак на бели дробови. Меѓу зеленчукот тиквата е еден од најсконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина (ALA) и омега-3 масни киселини, која е добра за срцето и крвните жили.

Манганот, бакарот и витамините Б1 и Б5 се корисни за здравјето, а има и триптофан, кој го регулира сонот.

Тиквата e сиромашна со калории па е идеална за слабеење и за држување на саканата тежина.

Одлична е за оние кои страдаат од болести на желудникот и цревата. Помага за запек и воспаление на дебелото црево, кај артритис и гихт. Го регулра холестеролот, проблематичната кожа, помага за здравје на очите, мокрачниот систем и простатата.

Масло и семки од тиква

Маслото од тиква е едно од најхранливите масла и е одличен извор на есенцијални масни киселини, антиоксиданси, витамини и стероли. Маслото од семки од тиква делува како диуретик, го подобрува квалитетот на спермата и здравјето на кожата, го јакне имунитетот, спречува дијабетичка нефропатија и ги урамнотежува хормоните.

Семките од тиква се богати со протеини, масти, аминокиселини, триптофан, глутаматом, витамини Е и б, како и минералите бакар, манган, калиум, железо, цинк и селен. Имаат многу калории, затоа не треба да се јадат во преголеми количини.

Ја помагаат перисталтиката на цревата, делуваат смирувачки, антистресно, антиоксидативно, го снижуваат холестеролот и го подобруваат помнењето. Докажано помагаат и кај рак на простата и го олеснуваат мокрењето.