Одредете ја тежината на намирниците без вага

Ако немате вага, а готвите според нов рецепт, за да не го расипете јадењето, обидете се да ја одредите тежината на намирниците со мерење со помош на лажичка, супена лажица и со чаши од 1 и од 2 дцл

0
291

Најчесто, кога готвиме наидуваме на потребата да ја одредиме тежината на намирниците од око. „Ставете 250 мл вода, додадете 50 мл млеко, 5 г масло“.
„Навистина, немаат сите специјални ваги, а кога готвите според нов рецепт, важно е строго да се придржувате до пропорциите за да не го расипете целото јадење.

Во такви случаи, можете да научите да ја одредите тежината на производот со мерење со помош на мала лажичка, супена лажица, мала чаша и поголема чаша.
Изберете го вашиот рецепт, а еве го нашето упатство за употреба.

Мерките се пресметани во:

Лажички за: сол, прашок за пециво и други состојки кои се додаваат во мали количини

Супени лажици за: брашно, шеќер, масло, вода и сл. состојки кои обично се потребни во поголеми количини

Чаши:

– мала чаша (1 дцл)

– голема чаша (2 дцл)

1 лажичка содржи: 

околу 5 г сол

околу 10 г презли

околу 10 г стопена маст

околу 15 г цврста маст

1 супена лажица содржи:

околу 15 г презли

околу 15 г шеќер

околу 10 г какао во прав

околу 15 г рендано чоколадо

околу 10 г мелени ореви

околу 20 г суво грозје

околу 15 г ориз

околу 20 г путер или маргарин

околу 10 г масло

7 лажици вода – околу 1 дцл

6 лажици павлака – околу 1 дцл

1 мала чаша (1 дцл) – околу 10 дкг (100 г)

1 голема чаша (2 дцл) – околу 20 дкг (200 г)

2 ипол дцл ориз – околу 220 г

10 лажици мелени ореви, бадеми, лешници – околу 10 дкг (100 г)

12 големи лажици шеќер во прав – околу 10 дкг (100 г)

8 лажици суво грозје – околу 10 дкг (100 г)

2 коцки шеќер – околу 10 г

1 чаша брашно – околу 150 g = 0,15 кг

1 чаша шеќер – околу 200 г

1 чаша пченичен гриз – околу 200 г

1 чаша ориз – околу 210 г

1 чаша презли – околу 150 г

За мерење на крути состојки:

1 кг (килограм) = 1000 г (грам)

10 дкг (декаграм) = 100 г (грам)

За мерење на течности:

1 л (литар) = 1000 мл (милилитар)

1 л (литар) = 10 дцл (децилитар)

1 дцл (децилитар) = 100 мл (милилитар)

Фото: Freepik