Овој месец пицата Маргарита го прославува својот 131 роденден

Секоја година во јуни, Италијанците традиционално го слават роденденот на пицата, која стана симбол на нивната кујна, но и на културата. Еве неколку интересни факти за потеклото на познатиот неаполски специјалитет.

0
189

Иако рецептот за пица што ги има истите состојки како Маргарита се споменува во италијански готвач од 1866 година, еден друг настан – кој ѝ  ја донесе славата – се смета за повод за нејзиното настанување.

Првично, тоа била повеќе „погача со домати“ која се продавала на улиците и плоштадите на Неапол, и главно биле храна на сиромашните. Сѐ додека во јуни 1889. година., готвачот Рафаеле Еспозито од пицеријата „Бранди“ не добил покана да подготви пица во Палацо Каподимонте – летната куќа на кралското семејство.

Постојат неколку приказни за тоа зошто Рафаел ја добил поканата, од кои обично може да се слушнат две: првата – дека кралицата Маргарита од Савој сама побарала една таква пица кога видела како луѓето јадат на улиците; а другата – дека пицата била направена по повод нејзиното пристигнување.

Секако, пицата што ја направил за неа, без разлика дали таа сама ја побарала или таа веќе ја чекала на масата, Рафаеле ја направил во боите на италијанското знаме: црвена (домат), бела (моцарела) и зелена (босилек).

Од 2009 година, рецептот и начинот на подготовка на пица Маргарита е заштитен со етикетата на ЕУ „Specialità Tradizionali Garantite“.

Маргаритата што ја носи оваа етикета е направена на традиционален начин од состојки со врвен квалитет. Забрането е користење на било какви современи алатки за правење тесто – го подготвува рачно мајстор за пици – pizzaiolo. Се пече на 485 степени точно 90 секунди. Печеното тесто не смее да биде подебело од 3 мм со кора дебела помеѓу 1 и 2 цм.

Фото: Pixabey