Здравствени придобивки од дуњата и рецепти за сирење од дуња и чај од семки

Семките се најлековитиот дел од дуњите, иако се лековити и плодот и листовите, а особено сокот и сирупот. Семките содржат големи количини витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Време е за дуњи, а од нив можете да направите навистина многу деликатеси

0
393

Дуњите се најголема асоцијација за есента, а од нив можете да направите навистина многу деликатеси. Нашиот омилен е овошното сирење од дуња.

После рецептот прочитајте и за сите здравствени придобивки од овие миризливи есенски плодови.

Состојки:

2 кг исчистени дуњи,

600 гр шеќер,

1 лимон,

Приготвување:

Дуњите измијте ги, излупете ги, исечете ги на половина, исчистете ги од семките, исечете ги на коцки и варете ги во вода додека да омекнат.
Сварените дуњи пропасирајте ги и варете ги на тивок оган 15 минути.
Додадете ги сокот од лимон и шеќерот и продолжете да готвите со постојано мешање уште 30 минути.
Топлата смеса истурете ја во соодветните калапи кои претходно сте ги премачкале со масло.
Добро изладете, извадете го сирењето од калапот и исечете го.
Послужете го со исчистени половинки од орев.

Здравствени придобивки

Дуњата е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количество на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Благодарение на високиот процент на слуз, семките од дуња ја негуваат и хидрираат и кожата. Тие го регулираат процесот на природна хидратација, помагајќи ѝ на кожата да ја задржи влажноста. Како резултат на тоа, тие стануваат се почеста состојка во козметичката индустрија. Се препорачуваат како еден од најдобрите лекови против декубитис, изгореници, испукана кожа, чешање и како облога за воспалени очи.

Рецепт за чај од семки

Чајот од семки од дуња помага во ублажување на стресот и несоницата. Помага и при воспаление на усната шуплина и ждрелото и како ослободувач од болка. Ставете една лажичка семки во вода преку ноќ. Загрејте ја пред консумирање и пијте три шолји дневно. Истиот чај, но не загреан, користете го за проблеми со кожата како локален лек.

Лековити се и плодовите и листовите на дуњата, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делуваат на работата на цревата и спречуваат инфективни болести.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и диареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемија, но и за лекување на воспалението на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на суво ждрело, крајници, дишни патишта, како и за ублажување на обилните менструации. Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лекува изгореници и рани.

Фото: Unsplash