Нов хит: Млеко од ф’стаци

Ова млеко не е само вкусно, туку и исклучително здраво. Имаме и рецепт како да го направите дома

0
134

Бадем, овесно, кокосово – има многу вкусни и здрави алтернативи на кравјото млеко. Свесни за здравствените придобивки, но и позитивното влијание врз животната средина, сѐ повеќе луѓе избираат алтернативи за млечни производи. Сега пристигна и ново хит млеко – од ф’стаци. Создадено е во Њујорк, а со помош на социјалните мрежи наскоро се прошири низ целиот свет.

Во САД, ова млеко веќе може да се набави во продавниците. Зад него стои Роксана Саиди, основач на калифорнискиот бренд Label Tache. Нивното млеко доаѓа без дополнителни масла, во засладена верзија или без дополнителни шеќери, а ф’стаците се од еколошко производство.

Секој љубител на ф’стаци знае дека оваа омилена закуска е калорична. Околу 100 грама ф’стаци имаат околу 600 калории. Но, ф’стаците во поголем дел се состојат од незаситени масни киселини, а процентот на белковини изнесува дури 20 проценти. Исто така содржат вредни витамини од групата Б кои се неопходни за здравјето на нервите. Ф’стаците содржат и витамини Е и А, и позитивно влијаат на варењето на храната. Сè на сè, и покрај калориите, ф’стаците се исклучително добри за здравјето.

Се разбира, млекото од ф’стаци сè уште не е дојдено кај нас во продажба. Но, ова вкусно млеко можете да го направите и дома. Еве одличен рецепт за две чаши млеко од ф’стаци.

Состојки за млеко од ф’стаци:

100 г исчистени ф’стаци
0,5 л + 1 л вода
прстофат кардамом
0,5 лажичка јаворов сируп (или друг засладувач по ваш избор)
¼ мешунка од ванила

Приготвување:

Ф’стаците треба да се потопат во вода околу два часа. Потоа исцедете ги и исплакнете ги.
Во еден литар вода додадете ванила, кардамом, јаворов сируп или малку мед. Измешајте сè во блендер, прво со помала, а подоцна и со поголема брзина. Додадете ги ф’стаците и повторно промешајте.
Исцедете го млекото преку газа и чувајте го во фрижидер кадешто може да стои до три дена.

Фото: Pexels