Новиот број на списанието „Арткујна“ посветен на виното и на љубовта кон добриот вкус

Од утре во сите продажни места ќе може да го најдете шестиот број на списанието „Арткујна“.

0
11365

Ова из­да­ни­е на „Арт­куј­на“ е по­све­тено на ви­но­то, чо­ко­ла­до­то и на аво­ка­до­то. Низ ед­на репор­та­жа од Мек­си­ко е до­ло­вена страш­на­та си­ту­а­ци­ја во ко­ја се на­о­ѓа­ат та­мош­ни­те про­из­во­ди­те­ли на „зе­ле­но­то зла­то“. Репор­та­жа­та, пак, за ви­на­ри­ја­та „Со­пот“ бли­зу Ве­лес от­кри­ва ед­на по­у­ба­ва сли­ка – ка­ко се ра­ѓа и оп­сто­ју­ва ед­на ус­пеш­на вин­ско-ку­ли­нар­ска при­каз­на во ре­ги­о­нот од ка­де „из­ви­ра­ат“ нај­ска­по­це­ни­те ма­ке­дон­ски ви­на. Странско списание го има прогласено „Шато Сопот“ за едно од десетте топ Инстаграм точки во Македонија.

А се­то то­а не би би­ло це­лос­но, осо­бе­но не пред праз­ни­ци­те „Све­ти Три­фун“ и „Све­ти Ва­лен­тин“ ако не се гриц­не и по ед­на коцка чо­ко­ла­до – цр­но, бе­ло, млеч­но или ро­зо­во – из­бо­рот е ваш. Што сѐ ни значи чоколадото и колкава е неговата моќ кога само една коцка е доволна да нѐ направи среќни и расположени?

Иако вели дека не знае да готви, нашиот најпознат шоумен и актер Игор Џамбазов зборува за своите нови здрави навики во исхраната, за рестораните во Дојран и во Скопје, како и за тоа дека маџунот му го спасил животот.

„Арткујна“ ве навраќа на почетоците на најпознатата градска кафеана во Скопје, „Пелистер“ – низ фотографии од старо Скопје и од примамливите јадења кои ги служи.

Но­ви ре­цеп­ти, но­ви вкус­ни про­во­ка­ци­и на нови десет ше­фо­ви од познати ресторани во земјава че­ка­ат на вас – прочитајте што ви предлагаат шефовите од „Камник“, „Хилтон“, „Мериот“, „Пастел“, …

За­су­кај­те ги ра­ка­ви­те и из­не­на­де­те ги са­ка­ни­те со ва­ре­ни ѓев­ре­чи­ња, кру­ши во цр­ве­но ви­но, чо­ко­лад­но фон­ду, Тур­не­дос Ро­си­ни, ко­лач од за­јак и уш­те два­е­се­ти­на ори­ги­нал­ни и ис­про­ба­ни ре­цеп­ти. Читајте, гответе и празнувајте!